Францускиот првак Пари Сен Жермен може да биде суспендиран од понатамошното учество во Лигата на шампиони и тоа поради нивниот некогашен играч Килијан Мбапе, пренесува Лекип.
Според правилата на УЕФА, клубовите со 15 јануари мора да достават документација која гарантира дека немаат никакви долгови кон своите вработени или поранешни вработени.
Гигантот од Париз се соочува со проблеми затоа што има долг кон Килијан Мбапе, нивната некогашна ѕвезда. Мбапе си замина од ПСЖ, но го тужеше клубот за долг од 55 милиони евра, како дел за неисплатени плати и бонуси.
Мбапе веќе два пати го добиваше ПСЖ пред судовите во Франција, но Светците едноставно одбиваат да ги исплатат средствата на фудбалерот. Доколку УЕФА утврди дека ПСЖ ги прекршува правилата, нивното Тело за финансиска контрола на клубовите (ЦФЦБ) може да побара долгот веднаш да биде подмирен.
Ако од ПСЖ одбијат да ги подмират долговите кон Мбапе, може да се случи францускиот првак да биде исфрлен од Лигата на шампиони, да имаат парична казна, да им бидат одземени бодови, да им биде забрането регистрација на нови играчи…