ПСЖ постави цена за која би го продала Нејмар

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар е пред излезна врата во Пари Сен Жермен. Според најавите, францускиот гигант веќе поставил цена за која заинтересираните клубови може да го откупат договорот на Нејмар.

Откупната клаузула на Нејмар изнесува 60 милиони евра. Оваа сума е речиси четири пати помала од таа што ПСЖ ја плати во летото 2017 кога Бразилецот за рекордни 222 милиони евра направи трансфер од Барселона.

Нејмар во кариерата има играно само за три клуба. Започна во Сантош каде помина пет години и одигра 225 средби (136 гола), а потоа четири сезони играше во Барселона (одигра вкупно 186 дуели и даде 105 гола). За ПСЖ во 172 натпревари има постигнато 117 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести