11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

ПСЖ преку Ле Авр до првото место на табелата во Франција

Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ ја совлада екипата на Ле Авр со 3-0 и се врати на врвот на табелата, со два бода повеќе од Марсеј и Ленс.


Гостите држеа рамнотежа до 29-та минута, кога Канг-Ин Ли го доведе ПСЖ во водство од 1-0 по одличната соработка со Нуно Мендеш.


Веднаш по стартот на второто полувреме, Мајулу имаше шанса да ја зголеми предноста на ПСЖ. По самостоен продор низ средината, стигна до работ на шеснаесетникот и шутираше, но топката заврши покрај десниот дирек.


ПСЖ продолжи со нападите, а тоа даде резултат во 65-та минута. По два обиди на Баркола кои ги одбрани голманот на гостите, топката стигна до Жоао Невеш, кој меѓу двајца противнички играчи ја прати во левиот агол, за 2-0.


Пет минути подоцна, Сумаре имаше идеална шанса од десетина метри, но стативата го спаси ПСЖ.


Тренерот Луис Енрике направи двојна промена, а Хвича Кварацхелија веднаш асистираше до Бредли Баркола, кој не ја пропушти шансата и го постави конечниот резултат, 3-0 за Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести