21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

ПСЖ реши да го откупи договорот на Икарди од Интер

Мауро Икарди сезонава го облече дресот на Пари сен Жермен и тоа како позајмен играч од Интер. Аргентинецот одлично се снајде во францускиот првак, иако во екипата има врвни голгетери како што се: Нејмар, Мбапе и Кавани. Икарди даде 17 погодоци во првиот дел од сезоната и покажа дека е вистински играч за Светците.

Напаѓачот влезе во криза во последните два месеци, кога го загуби местото во првиот тим, а даде само три гола во овој период. И покрај тоа, ПСЖ во летниот преоден рок се очекува да го откупи договорот на некогашниот капитен на Интер.

Според клаузулата во договорот, ПСЖ ќе треба да му плати на Интер дури 70 милиони евра, сума која сепак може и да се намали ако се знае какви штети во фудбалот направи пандемијата од Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести