Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, се најде на радарот на европскиот шампион Пари Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми. Според овие информации, искусниот Португалец многу веројатно ја игра својата последна сезона во дресот на Граѓаните бидејќи неговиот договор истекува на крајот од тековната сезона.
Парижаните внимателно ја следат ситуацијата со 31-годишниот фудбалер и разгледуваат можност да го доведат како слободен агент доколку не дојде до договор за продолжување на соработката со англискиот шампион.
Покрај интересот од Франција, постојат и други сценарија за иднината на Силва. Според одредени шпекулации, тој би можел да ја продолжи кариерата во Турција, Италија или Шпанија, каде што како потенцијални дестинации се споменуваат Галатасарај, Јувентус и Барселона.

