12.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

ПСЖ сака да го купи Хулијан Алварес, Атлетико бара 120 милиони евра

Пари Сен Жермен размислува за трансфер на напаѓачот Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид, јавуваат француските медиуми. Тренерот на европскиот клупски првак, Луис Енрике, е импресиониран од настапите на 25-годишниот Аргентинец и сака да ја засили офанзивната линија на парижаните со него.

Раководството на Пари Сен Жермен во последните неколку недели ја испитува можноста за реализација на трансферот, а самиот Алварес би бил среќен да игра под водство на шпанскиот стратег.

Барселона и неколку клубови од Премиер лигата исто така покажуваат интерес за 25-годишниот Алварес, но светскиот првак со Аргентина не сака да се врати во Англија. Тој е подготвен да премине во ПСЖ доколку клубовите постигнат договор.


Атлетико Мадрид е подготвен да го ослободи напаѓачот за сума од 120 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести