Српскиот голман Миле Свилар веќе подолг период блеска во дресот на Рома, а според мислењето на бројни фудбалски аналитичари, тој е меѓу најдобрите чувари на мрежата во Серија А. Токму поради одличните настапи не е изненадување што за него постои сериозен интерес од неколку европски гиганти.
Свилар неодамна потпиша нов договор со римскиот клуб до 2030 година, но италијанските медиуми пренесуваат дека европскиот шампион Пари Сен Жермен сериозно размислува налето да тргне по негов ангажман.
Според информациите, Рома за својот голман бара околу 60 милиони евра. Токму оваа висока сума претставува пречка за Интер, кој исто така го има на радарот, па Нераѕурите почнале да разгледуваат и други опции, меѓу кои е и голманот на Тотенхем, Викарио.
Од друга страна, таквата сума не би претставувала сериозен проблем за Пари Сен Жермен. Парижаните минатото лето останаа без Донарума, го доведоа Шевалие, а се обидоа и со Сафонов, но очигледно е дека сè уште ја бараат вистинската опција за голманската позиција.

