7.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

ПСЖ сака да го купи Винисиус, Луис Енрике се заканил дека ќе си поднесе оставка

Се погласни се шпекулациите дека Винисиус ќе го напушти Реал Мадрид, откако одби да преговара за нов договор. До сега се споменуваа екипи од Саудиска Арабија, но интерес за Бразилецот има и од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ.

Сепак, веднаш откако оваа информација се појави во јавноста, во редовите на „светците“ се случил вистински хаос. Луис Енрике не сака ниту да слушне за можноста Винисиус да дојде во ПСЖ, а Шпанецот има договор до 2027 година. Веднаш се заканил дека ќе си поднесе оставка доколку ПСЖ го купи Бразилецот, па раководството на „светците“ донело едноставно решение: Винисиус нема да дојде во ПСЖ се додека Луис Енрике е тренер на „светците“.

- Оглас -

Најнови вести