ПСЖ сака да го продаде или да го позајми Икарди во Премиер лигата, но се прашува и Ванда

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, може кариерата да ја продолжи во англиската Премиер лига. Парижаните го замолиле познатиот агент Жорж Мендеш да организира преселба на 29-годишниот Аргентинец во Вулверхемптон.

Евентуалното заминување на Икарди може да го забрза доведувањето на Џанлука Скамака од Сасуоло во ПСЖ.

Сепак, преселбата од Париз во Вулверхемтпон на Икарди ќе мора да ја одобри и неговата сопруга Ванда, која му е и агент, а таа е позната како личност со која тешко одат преговори, па може на Светците да им бидат расипани плановите.

- Оглас -

Најнови вести