Пари Сен Жермен сериозно работи на обезбедување на иднината на еден од своите најперспективни офанзивци, Бредли Баркола. По одличните настапи, особено во Лига на шампионите, управата на клубот реши да делува превреме за да го задржи младиот играч.
Крилниот фудбалер стана стандарден во тимот на Луис Енрике, а затоа раководството сака да му понуди нов долгорочен договор. Според француските медиуми, спортскиот директор на клубот, Луис Кампос, веќе работи на продолжување на соработката до 2030 година.
Овој потег има јасна цел, да се спречат понуди од европските клубски гиганти како Ливерпул и Баерн Минхен, кои внимателно го следат напредокот на Баркола од неговиот трансфер од Лион во 2023 година.
Сезонава, Баркола забележа 12 голови и шест асистенции во 38 натпревари, што ја нагласува неговата клучна улога во плановите на тренерот Луис Енрике.

