5.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

ПСЖ сака да се засили со играч од Барселона и тоа бесплатно

Пари Сен Жермен покажа зошто го има приматот европски првак откако со 2:1 славеше против Барселона и тоа сред каталонскаат престолнина. Победата на ПСЖ има посебна тежина затоа што беше извојувана со пресврт. Барселона прва даде гол, но ПСЖ не само што се врати во игра, туку со погодокот во 90 минута стигна и до целосен пресврт и триумф.

Освен оваа победа на теренот, ПСЖ сега се фокусира на уште една „битка“ во која е вклучена Барселона. Се работи за доведување на Ерик Гарсија во редовите на францускиот првак.

Според пишувањата на шпанскиот весник „Спорт“, ПСЖ веќе го има на пик Гарсија, а постои опција дури да го доведе стоперот за беспари во Париз.

Шпанецот има актуелен договор со Барселона кој му истекува на крајот од сезоната, односно до 30 јуни 2026 година. Тоа значи дека доколку Барселона до Нова година не му го продолжи договорот, Ерик Гарсија ќе биде слободен да може да разговара со други клубови, а тогаш сигурно ќе се вклучи ПСЖ со своја понуда.

Гарсија и претходно бил на „излезна врата“ во Барселона, но кога дојде тренерот Ханси Флик, стратегот лично побара стоперот да остане во екипата. Освен во Барселона, Гарсија има играно и за Манчестер сити, а една сезона помина и како позајмен играч во Жирона. Има и 19 настапи за репрезентацијата на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести