ПСЖ се интересира за Луис Суарес, би бил засилување по заминувањето на Кавани

Пари Сен Жермен го засили својот интерес за Луис Суарес откако денеска стана јасно дека за Уругваецот нема да има место во Барселона додека е тренер Роналд Куман. ПСЖ го има Мауро Икарди, но тој не се снајде најдобро сезонава, па Суарес би бил одлично пополнување на слободното место кое се отвора со најавеното заминување на Единсон Кавани.

Интерес за Суарес има и од Ајакс, но ПСЖ е финансиски многу помоќен и може да понуди поголема плата, како и битка за титулата во Лигата на шампионите. За Суарес би било примамливо повторно да игра со Нејмар, со кој во 2015 година ја освоија ЛШ како играчи на Барселона.

Суарес со 31 година уште е меѓу најдобрите класични шпиц-играчи на светот и би бил засилување за секој тим во Европа. Ако ПСЖ наскоро се ослободи од Кавани, дефинитивно ќе тргне по другиот одличен Уругваец.

- Оглас -

Најнови вести