ПСЖ се „лузери“ какви што не памти Лигата на шампиони!

Џабе се сите вложени милијарди евра во Пари Сен Жермен, кога овој клуб останува да сонува освојување на Лигата на шампиони. Францускиот првак немаше лек против Борусија Дортмунд и во два меча не успеа да даде ниту еден гол. За разлика од нив, Милионерите од Дортмунд погодија по еднаш во двата дуели и на крајот со 2:0, заслужено ќе играат во Лигата на шампиони и тоа по трет пат.

Што се однесува до ПСЖ, францускиот тим само продолжи една очајна низа. Ова беше седми пат да играат во полуфинале на елитнот натпреварување на УЕФА, а елиминирани се по шести пат. Само еднаш играа во финалето и тоа го загубија.

Ниту еден друг клуб во Европа кој барем пет пати играл во полуфинале на ЛШ немал толку лош биланс како ПСЖ. Во овој полуфинале двомеч против Борусија Дортмунд, дури и среќата го сврте грбот на Светците.

ПСЖ сезонава во ЛШ дури 12 пати ја погодуваше рамката на противничките голови, а дури шест пати тоа се случи во полуфиналната двојна пресметка со Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести