Најскапиот фудбалер на сите времиња, Нејмар, можно е ова лето да го напушти Пари Сен Жермен, тврди весникот „Л’Екип“. Бразилската суперѕвезда дојде во францускиот тим пред две лета за неверојатен трансфер од 222 милиони евра, кои ѝ беа платени на Барселона.
Сега челниците на ПСЖ одлучиле дека Нејмар може да си замине од „Паркот на принцовите“, но под еден услов. Клубот кој сака да го купи Нејмар, мора да плати барем 222 милиони евра, односно истата сума која ја плати ПСЖ на шпанскиот првак.
Info L'Équipe : le PSG est prêt à laisser partir Neymar cet été en cas d'offre XXL https://t.co/wSQaVAlImH pic.twitter.com/uSkFy3tcjG
— L'ÉQUIPE (@lequipe) June 16, 2019
Кога Нејмар дојде во ПСЖ, целта на клубот беше да стане европски првак. Сепак, „светците“ се далеку од таа нивна цел во Лигата на шампионите, а Бразилецот двете сезони е повреден, токму во клучниот дел од сезоната. Минатата сезона одигра само 28 меча во кои даде 23 гола, а имаше и 13 асистенции.
Како главен фаворит за купување на Нејмар се спомнува Реал Мадрид, кој со еден потег ќе направи две големи работи.Прво ќе донесе едно големо засилување, а второ ќе ѝ нанесе удар на Барселона, која сигурно сака да си го врати некогашниот свој играч на „Камп ноу“.
Нејмар во моментов е во Бразил, каде што закрепнува по повредата на глуждот. Тој го пропушти јужноамериканското првенство, Копа Америка, а моментно во родната земја се занимава со нефудбалски теми. Нејмар е обвинет за силување и сега треба пред судот и полицијата да докажува дека не е виновен.