ПСЖ сезонава губи само кога играат заедно Меси, Нејмар и Мбапе

Пари Сен Жермен во последното коло од домашното првенство доживеа тежок пораз на гостувањето кај Нант со 3:1. Нант уште во првото полувреме поведе со 3:0, а Светците во вториот дел успеаја да постигнат само еден гол, а Нејмар промаши пенал.

Поразот од Нант е трет сезонава за ПСЖ. Претходно губеа и од Рен во првенството и од Манчестер сити во Лигата на шампионите, а и тогаш во нападот беа трите најголеми ѕвезди во тимот. На дуелот против Нант, во тимот се врати Нејмар, што значи повторно спојување на „ММН тандемот“, односно Меси, Мбапе и Нејмар.

Од 28 ноември до 20 февруари, кога Нејмар беше повреден, ПСЖ немаше ниту еден пораз во сите натпреварувања. Во 2022 година ПСЖ прими само два гола, а кога Нејмар се врати во тимот, на мечот против Нант примија три гола, и тоа само за едно полувреме.

Францускиот гигант е убедлив лидер во првенството, но ќе има проблем доколку не промени нешто во играта затоа што во Лигата на шампионите наскоро го чека реваншот против Реал Мадрид. Првиот меч на „Паркот на принцовите“ заврши со 1:0 за ПСЖ, што значи дека во Мадрид може да се очекува интересен реванш.

- Оглас -

Најнови вести