Францускиот првак Пари Сен Жермен сака да го доведе Мохамед Салах и е подготвен да направи сѐ што е можно за да го донесе на „Паркот на принцовите“.
Француските медиуми открија дека ПСЖ е подготвен да му понуди на Салах договор на три години и астрономска плата од 500.000 евра неделно. За споредба, Ливерпул е подготвен да оди до 400.000 евра, и му понуди договор на две години.
ПСЖ му нуди поголема плата и подолг договор, но во Ливерпул се надеваат дека ќе одлучи приврзаноста на Салах за клубот и неговата желба да остане на „Енфилд“.
Салах има договор до 30 јуни, што значи дека може да преговара веќе од денес со сите заинтересирани клубови.
Египќанецот продолжува да игра на врвно ниво, можеби и најдобрата сезона во својата кариера, и јасно е дека Ливерпул мора да направи сѐ за да го задржи.