Килијан Мбапе минува процес на рехабилитација, но тешко дека ќе биде подготвен за настап на премиерата за ПСЖ во Лигата на шампионите на 18 септември.
Веќе на стартот на „Паркот на принцовите“ ќе пристигне најтрофејниот клуб во Европа, Реал Мадрид, а според информациите во француските медиуми, Мбапе нема да игра.
„Процесот на рехабилитација се одвива побрзо од очекуваното, па во ПСЖ се надеваат на чудо. Мали се шансите за настап на Килијан против Реал Мадрид“, пишуваат француските новинари.
Тој меч ќе биде шлагер на денот во среда, на 18 септември, на вториот ден од стартниот блок на мечеви во елитното натпреварување.