Фудбалерите на ПСЖ вечерва на „Велодром“ славеа со 0:2 во најголемото француско дерби против Олимпик Марсеј и направија голем исчекор кој освојување нова титула во Лига 1.
Светците по 27 кола се лидери на табелата со 62 освоени бодови, дури 12 повеќе од изненадувањето Брест, а трет е Монако со 49 бода.
Светците до триумфот дојдоа со играч помалку бидејќи во 40-тата минута Лукас Бералдо доби втор жолт картон поради остар старт.
Резултатот го отвори Витиња во 53-тата минута.
Домаќинот веднаш даде гол, но судијата Бастиен го поништи поради офсајд. До крајот на мечот, домашните фудбалери тргнаа во тотална офанзива, но не успеаја да го совладаат голманот Џанлуиџи Донарума. Во последните моменти од мечот, во 84-тата минута, ПСЖ од нова контра преку Гонзало Рамос постигна уште еден гол.