ПСЖ со мегапонуда го убедува Јамал да не потпишува нов договор со Барселона?!

Договорот на Ламине Јамал со Барселона е со важност до летото 2026 година, а Каталонците веќе подготвуваат нов договор за еден од најголемите светски таленти. Сепак, сметките сака да им ги замрси ПСЖ, од каде почнале да го убедуваат Јамал да не го продолжува договорот и да се пресели во редовите на Светците.

Наводно од ПСЖ му нудат плата слична на онаа која ја имаше Килијан Мбапе додека настапуваше во Париз, но во Барселона не се загрижени за ваквите пишувања бидејќи се сигурни дека Јамал ќе го продолжи договорот и ќе остане на „Камп ноу“.

Фудбалерот многупати досега изјавуваше дека неговите планови се поврзани само со Барселона, а оваа сезона блеска на теренот со 13 гола и 17 асистенции на 38 натпревари. Неговата вредност е проценета на 180 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести