Францускиот првак Пари Сен Жермен остана без еден трофеј сезонава откако е елиминиран во осминафиналето од Купот на Франција. Светците гостуваа на „Велодром“ во Марсеј, а домаќинот Олимпик приреди вистинска „фешта“ за своите навивачи.
Триумфот на домаќините беше најавен со погодокот на Санчес од пенал во 31-вата минута, а ПСЖ израмни преку Серхио Рамос во последните моменти од првиот дел.
Голот за победа го даде Малиновски, и тоа на фантастичен начин, со шут од над 20 метри. Кај ПСЖ во нападот беа Меси и Нејмар, а недостасуваше повредениот Мбапе.