ПСЖ со одлична понуда за Пјаниќ

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е сериозно заинтересиран за Миралем Пјаниќ, па на Јувентус му нуди 50 милиони евра и играчот Адријан Рабио. Босанскиот плејмејкер Пјаниќ се поврзува со повеќе големи клубови (Реал Мадрид, Манчестер јунајтед), во секој преоден рок се шпекулира со неговата иднина, а и сега е слично, но ПСЖ некако е најзагреан.

ПСЖ ги испитувал теренот и расположението на Јуве да се откаже од Пјаниќ ако добие добра понуда. Освен пари, „светците“ го нудат и Рабио, за кого има интерес и од Барселона. Јуве наводно ја одбил понудата, но парижаните налето повторно ќе се обидат да го купат Пјаниќ.

Јувентус за Пјаниќ бара 70 милиони евра. Фудбалерот добил слобода сам да одлучи што ќе прави по завршување на сезоната. Ако сака да си оди, нема да му се прави проблем, но новиот клуб ќе треба да плати 70 милиони.

 

- Оглас -

Најнови вести