Фудбалерите на Ливерпул во неделата се поразени од Њукасл со 0-2 во финалето од англискиот Лига куп, а на телевизискиот пренос можеше да се забележи еден навивачи на Црвените кој носеше шал од Ливерпул и капче од ПСЖ.
Тоа беше повод за администраторите на социјалните мрежи на ПСЖ да се пошегуваат со Ливерпул, кого го елиминираа во осминафиналето од Лигата на шампионите.
На твитер-профилот беше објавена фотографијата од навивачот со порака „ако не можеш да ги победиш, тогаш придружи им се“.