ПСЖ спрема контраудар и во своите редови ќе доведе поквалитетен напаѓач од Мбапе

Како што изминуваат деновите, сè појасно станува дека Килијан Мбапе ќе биде нов играч на Реал Мадрид од наредното лето.

На младиот напаѓач на ПСЖ му истекува договорот со овој тим во јуни и како слободен агент ќе му се приклучи на Кралскиот клуб.

Францускиот колектив се припрема за живот по заминувањето на Мбапе, планираат да доведат многу поквалитетен и подокажан напаѓач.

Станува збор за Роберт Левандовски, кој исто така на крајот останува слободен агент, а и пред неколку месеци изјави желба да замине од Германија.

Воедно Светците се подготвени да му понудат плата од 35 милиони евра на годишно ниво, што е за 14 повеќе од сегашниот договор со Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести