Екипата на ПСЖ и трета година по ред не може да победи на гостувањето во Монте Карло, а вечерва беше многу блиску и до нов пораз на ова гостување. Иако „светците“ доминираа ако се погледне поседот на топката, сепак во шансите и ударите кон противничкиот гол двете екипи беа рамноправни, а фудбалерите на Монако дури и успеаја да ја затресат противничката мрежа, но ВАР го поништи голот.
Бен Једер во 25-тата минута го најде патот до голот на ПСЖ, но ВАР одлучи дека претходно имало офсајд, па голот беше поништен, а на крајот тоа се покажа дека е единствениот погодок кој имаа можност да го видат гледачите, но сепак, нерегуларен.