ПСЖ тргна по потписот со напаѓачот на Бенфика

Заминувањето на Лионел Меси и најверојатно на Килијан Мбапе, ќе направи голема празнина во нападот на ПСЖ, па управата тргна по ангажирање на напаѓач.

Изборот падна на младиот фудбалер на Бенфика, Гонсало Рамош (22) кој минатата сезона на 30 натпревари постигна 19 гола за лисабонските Орли.

https://twitter.com/ActuFoot_/status/1686808556249432076?s=20

Понудата на ПСЖ изнесува 65 милиони евра плус дополнителни 15 милиони во бонуси.
Доколку Бенгика ја прифати понудата, Рамош ќе потпише петгодишен договор, а француските медиуми пишуваат дека тренерот Луис Енрике, го гледа како еден од лидерите на новиот ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести