ПСЖ тргна во офанзива да ја „украде“ ѕвездата на Барселона, но доби неочекуван одговор од „Камп ноу“

Францускиот првак Пари Сен Жермен и официјално испрати понуда до Барселона за Френки де Јонг, а од каталонскиот гигант веднаш стигна одговор, кој нема многу да им се допадне на парижаните. Актуелниот европски првак е подготвен да даде 55 милиони евра за да го откупи договорот на Де Јонг, но Барселона не размислува да се откаже од холандскиот репрезенаттивец за сума помала од 70 милиони евра.

Освен што бара значително повисока сума од тоа што нуди ПСЖ, Барселона условува целата сума да биде исплатена веднаш, а не на рати како што вообичаено е пракса.

Де Јонг веќе неколку години важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Барселона. Главни квалитети му се техничката подготвеност, како и одличниот преглед на играта и креативноста што посебно се цени во денешниот фудбал.

Барселона веќе подолг период се соочува со финансиски проблеми, но очигледно дека не сака да се откаже од Де Јонг во скоро време затоа што условите кои ги постави на ПСЖ, според многумина се нереални.

- Оглас -

Најнови вести