ПСЖ тргна во офанзива по Меси

Договорот на Лионел Меси со Барселона истекува на крајот од оваа сезона. Аргентинскиот виртуоз потоа е слободен играч и може да замине каде било, и тоа без никаква отштета. Меси целата кариера ја помина во дресот на Барселона, но уште минатото лето пр пат посака да си замине од „Камп ноу“, но не доби дозвола од челниците на клубот.

Од пред неколку месеци, во Барселона на претседателското место се врати Жоан Лапорта, но тоа не значи дека Меси сигурно ќе остане. Весникот „Мундо депортиво“ најавува дека Пари Сен Жермен веќе имал контакт со Меси и дека му понудил договор.

Се работи за двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година. „Понуда за Меси. Офанзива на ПСЖ“, стои во најавата.

Меси за Барселона има одиграно 773 мечеви, во кои постигна 667 погодоци, а со каталонскиот гигант ги има освоено буквално сите најзначајни трофеи.

- Оглас -

Најнови вести