20.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

ПСЖ вечерва може да направи нешто што никогаш не се случило во ЛШ

Францускиот првак Пари Сен Жермен вечерва гостува кај Бриж во третото коло од Лигата на шампиони во обид да ја сочува перфектната низа. По две кола, Светците имаат максимални шест бода со гол разлика 4:0. Доколку успеат да се радуваат на гостувањето кај Бриж, ПСЖ има шанси да испише историја во елитното натпреварување на УЕФА.

Досега никогаш не се случило еден тим да има сигурен пласман во нокаут фазата од ЛШ по само три одиграни кола. На ПСЖ тоа може да му успее ако го погоди Бриж, а во вториот меч од оваа група меѓу Галатасарај и Реал Мадрид биде нерешено.

Во тој случај ПСЖ би имал 9 бода, а сите три останати екипи по само два бода, на три кола до крајот. Во тој случај ПСЖ и теоретски ќе обезбеди место во нокаут фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести