ПСЖ веќе бара замена за Мбапе, прва цел е ѕвезда на Арсенал, а понудата е 140 милиони евра

Веќе јасно е дека Килијан Мбапе на крајот од сезоната ќе си замине од Пари Сен Жермен и следна дестинација на францускиот репрезентативец ќе биде Реал Мадрид. За тоа колку значи Мбапе во играта на ПСЖ, говори и неговиот ефект, тој и сезонава е главен играч и предводник на тимот како во домашното првенство така и во Лигата на шампиони.

ПСЖ нема финансиски проблеми кои би ги спречиле да бидат активни во летниот преоден рок, па јасно е дека Светците првично ќе се фокусираат да најдат замена за Мбапе.

Според најавите, францускиот првак како прва опција за наследник на Мбапе го гледаат Букајо Сака од Арсенал. Англискиот репрезентативец игра одлично во дресот на Топчиите, со кого има договор до 2027 година.

За да го раскинат тој договор, од ПСЖ се подготовени да му платат 140 милиони евра на лондонскиот тим, пари кои секако се примамливи. Сепак, Арсенал треба да одбере меѓу финансиската заработка и фактот дека така би останале без еден од лидерите во екипата. Сака сезонава во 35 меча има ефект од 16 гола и 15 асистенции, а предност му е и тоа што уште е многу млад и има само 22 години, што значи дека пред него се наѕира блескава кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести