Во истиот ден кога „Марка“ објави дека Лионел Меси по завршување на сезоната ќе си замине од ПСЖ, најрелевантниот спортски весник во Франција „Лекип“ објави дека Светците веќе започнале преговори со замената за Аргентинецот.
Според „Лекип“, управата на ПСЖ веднаш ја започна потрагата по наследникот на Меси и изборот паднал на најталентиранот фудбалер во Лига 1, 19-годишниот играч на Олимпик Лион, Рајан Керки.
Светците во Керки гледаат долгорочно решение и поради тоа тропнале на вратата на Олимпик Лион.
Керки е продукт на младинската академија на Олимпик Лион, а за првиот тим дебитираше во 2020 година. Договорот му истекува за 18 месеци, а неговата вредност се проценува на 18 милиони евра, но „Лекип“ пишува дека управата на Лион ќе бара најмалку 40 милиони евра отштета.