ПСЖ веќе најде замена за Мбапе и тоа во 19-годишен тинејџер

Откако најави дека не планира да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од следната сезона, Килијан Мбапе најверојатно летово ќе си замине од Пари Сен Жермен. Францускиот првак сигурно ќе сака добро да заработи од заминувањето на Мбапе, а не да го изгуби безпари на крајот од следната сезона.

Мбапе најмногу сака да замине во Реал Мадрид, но од ПСЖ најавија дека не планираат да го продадат на Кралскиот клуб. Како станува се поизвесно заминувањето на Мбапе, започнаа шпекулациите околу неговиот наследик во францускиот првак.

Се шпекулира дека младиот 19-годишен напаѓач на Лион, Рајан Черки ќе биде наследниот на Мбапе. За Черки веќе се интересираат Јувентус и Реал Мадрид, но сепак прва опција е ПСЖ.

Вредноста на Черки се проценува на 27 милиони евра, но ПСЖ сигурно ќе понуди повеќе пари. Во сезоната која што измина, тинејџерот одигра 39 меча за Лион во кои постигна пет гола, а имаше и шест асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести