ПСЖ се врати на победничките патеки: Совладана е Троја на гостински терен (Видео)

ПСЖ после изненадувачкиот пораз од Лориент на домашен терен, се врати на победничките патеки со победа од 1-3 на гостински терен против Троја, иако на натпреварот настапи без суспендираниот Лео Меси и повредениот Нејмар.

Килијан Мбапе го отвори резултатот уште во 8-та минута од мечот, откако доби асистенција од “пречката“ и одлично се снајде и со глава ја погоди празната мрежа на Троја.

На 0-2 зголеми Витиња во 59-тата минута, откако ја искористи несигурната интервенција на домашниот голман.

Почесниот погодок на мечот беше дело на Кавалерин во 83-тата минута со што само внесе малку неизвесност на мечот, со оглед на тоа дека Фабиан Руиз само три минути подоцна ги постави конечните 1-3 за ПСЖ на овој натпревар.

ПСЖ е лидер во француското првенство со 78 поени, шест повеќе од второпласираниот Ленс на четири кола до крајот на шампионатот. Тоа значи дека на ПСЖ ќе му бидат потребни уште најмалку две победи за да ја освои титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести