Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, со комбиниран состав истрча на првенствениот дуел против Ле авр и за малку ќе доживееше неочекуван пораз на домашен терен, но и нерешениот резултат, 3-3, е големо изненадување.
Гостите имаа водство од 0-1, а потоа и од 1-3, па Килијан Мбапе на полувремето мораше да влезе во игра и да ги размрда соиграчите, иако не се запиша во листата на стрелците.
„Светците“ се спасија од пораз во 95-тата минута, кога Гонсало Рамос ги постави конечните 3-3. ПСЖ сега има предност од 12 бода пред Монако, кој треба да одигра четири натпревари до крајот на првенството и речиси сигурно ќе биде старо-новиот шампион на Франција.