Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ е неизвесна поради големите несогласувања на релација управа-фудбалер, поради што новиот тренер на Светците, Луис Енрике, сака уште во овој преоден рок да биде обезбедена замена за одличниот напаѓач.
Според француските медиуми, Енрике побарал од челниците на Светците да тргнат по потписот со Осман Дембеле од Барселона. Договорот на Дембеле со шпанскиот шампион истекува идното лето, а откупната клаузула изнесува 50 милиони евра, сума која не претстатува никаков проблем за ПСЖ.
Осман Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд за 145 милиони евра со бонуси.
Тензиите на релација ПСЖ – Мбапе се поради желбата на фудбалерот да си замине идното лето, и тоа без отштета, додека челниците на францускиот шампион му поставија ултиматум – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден уште ова лето. Главен фаворит за потписот со Мбапе е најголемиот конкурент на Барселона, Реал Мадрид.