ПСЖ во небрано, на Реал не му паѓа на памет да плати, а Мбапе е решен да ја преседи цела сезона на клупа и го земе милионскиот бонус

Ситуацијата околу иднината на Килијан Мбапе сè уште останува неизвесна, а најголем губитник најверојатно ќе биде ПСЖ бидејќи ќе остане без напаѓачот и нема да заработи колку што сака.

Светците на подоготвките во Јапонија играат очајно, вчера загубија од Серезо Осака и не се толку опасни без Мбапе, кој пак откако ја одби понудата од Саудиска Арабија, се врати во Монте Карло каде самостојно ќе тренира наредниот период.

Откако му порача на ПСЖ дека нема намера да потпише нов договор и идното лето ќе си замине како слободен играч, челниците на клубот му поставија ултиматум кој воопшто не го исплаши напаѓачот.

Мбапе им возврати дека е подготвен да остане во ПСЖ и следната сезона да ја преседи на трибините или на клупата за резервни играчи, но ќе го добие бонусот од 150 милиони евра и идното лето ќе го оствари сонот и ќе потпише за Реал Мадрид.

Реал Мадрид и претседателот Флорентино Перес мирно го чекаат расплетот и немаат намера да платат 250 милиони евра отштета колку што бара ПСЖ за играчот кој идното лето ќе стане слободен.

Весникот „Ас“ пишува дека идниот месец може да се најде некое соломонско решение, но во секој случај Реал Мадрид нема да плати колку што бара ПСЖ и постои можност за далеку помала сума да се реализира трансферот се со цел да се смират тензиите во соблекувалната на Светците.

- Оглас -

Најнови вести