17.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

ПСЖ во трка со Реал Мадрид за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид изминатото лето беше заинтересиран за стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба. Сепак, трансферот не се реализира, но далеку од тоа дека желбата на Кралевите да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“ и понатаму не е присутна.


На целата оваа приказна околу Салиба сега се приклучи и актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен.

Како што пренесуваат англиските медиуми, двата клуба се заинтересирани за 24-годишниот дефанзивец и би можеле да тргнат по него уште во зимскиот преоден рок.

Од друга страна, Арсенал секако сака да го задржи Салиба во својот состав, но тоа би можело да биде мошне тешко.

Топчиите веќе се обидоа да му го продолжат договорот, но засега не е постигнат никаков договор.

- Оглас -

Најнови вести