ПСЖ за голманската позиција ќе бира помеѓу Давид де Хеа и Кејлор Навас

Заминувањето на Џанлуиџи Буфон од ПСЖ значи дека клубот планира да купи друг екстра голман, а според некои шпекулации, ќе бираат помеѓу Давид де Хеа од Манчестер јунајтед и Кејлор Навас од Реал Мадрид.

Прва цел на „светците“ е помладиот, Шпанецот Де Хеа, за кого се подготвени да испратат понуда која „црвените ѓаволи“ не би ја одбиле. Договорот на Де Хеа со Јунајтед му е уште една година, па и за клубот подобро би било да го продаде ова лето отколку во летото 2020 година Давид да си замине како слободен. Освен пари, ПСЖ на Де Хеа може да му понуди и играње во Лигата на шампионите, што не би било случај ако остане во Манчестер.

Шпанските медиуми откриваат дека ПСЖ се распрашува и за Навас, кој потврди дека го напушта Реал. Костариканецот уште пред 20 дена дозна дека не е во плановите на тимот за следната сезона и може да си бара нов клуб. На ПСЖ му се допаѓаат ниската цена и искуството на Навас, па ако не се договорат со Де Хеа, тогаш огромни се шансите на голот да им застане Навас.

- Оглас -

Најнови вести