ПСЖ за Нејмар има потрошено над 300 милиони евра, а тој не сака да слушне да остане

Нејмар по секоја цена сака да си замине од Пари Сен Жермен, клубот во којшто ги помина последните две сезони. Бразилецот е незадоволен во францускиот првак, иако за периодот поминат во Париз, за него беа потрошени пари колку што никогаш во историјата не биле потрошени за ниту еден друг фудбалер.

ПСЖ го купи Нејмар од Барселона за сума од 222 милиони евра. Со платата која ја добива, плус бонусите, чартер летовите и останатите трошоци кои му ги покрива клубот, Светците за Нејмар веќе имаат потрошено 300 милиони евра. И покрај ваквиот третман, Нејмар не сака да слушне за останување на „Паркот на принцовите“.

Напаѓачот вели дека најголема грешка му било што заминал од Барселона и сега повторно сака да се врати во каталонскиот гигант. Сепак, ПСЖ нема да го пушти толку лесно играчот кој го чинеше цело богатство. Од ПСЖ најавија дека ако некој клуб сака да го купи Нејмар, ќе мора да ги исплати парите кои беа потрошени за Бразилецот.

 

- Оглас -

Најнови вести