ПСЖ за половина час му даде четири гола на Лил

Пари Сен Жермен продолжува со доминантните настапи во Лига 1, остварувајќи убедлива победа од 4-1 против Лил, со што уште повеќе се доближи до титулата.

Светците се неприкосновени на домашната сцена, победувајќи ги дури и најсериозните ривали со леснотија. Овој триумф доаѓа во идеален момент за тимот на Луис Енрике, пред важниот дуел со Ливерпул во Лигата на шампионите. ПСЖ сега е во неверојатна серија од десет победи по ред.

Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме. Баркола го отвори резултатот во шестата минута, Маркињос го удвои водството во 22-та минута, а Дембеле во 28-та минута зголеми на 3-0. Дуе во 37-та минута ја заокружи фантастичната игра на ПСЖ со четвртиот гол за само пооловина час.


Единствениот погодок за Лил го постигна Џонатан Давид во завршницата на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести