ПСЖ за противник има екипа која ја победи 16 пати по ред, домашните се фаворити на четири натпревари (Фото)

1006 Ливерпул – Астон вила (21:00)

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул, на домашен терен го пречекува составот на Астон вила, која во моментов е шесттопласирана со седум бодови помалку. „Црвените“ се фаворити и се наоѓаат во одлична форма. 12 натпревари во серија немаат пораз, а 11 од нив се победи. На спротивната страна, Астон вила игра во катастрофална форма, има три порази во низа, а нема победено на последните четири меча. Во меѓусебните натпревари, Ливерпул нема пораз на последните осум, а Астон вила последната победа над „црвените“ ја има во 2020-тата година.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.98)

 

1303 Виљареал – Алавес (16:15)

Екипата на Виљареал игра одлично во шпанската Ла Лига оваа сезона и во моментов е на четвртата позиција со само три бода помалку од Реал Мадрид, кој е второпласиран. Нивниот денешен противник, Алавес, е на 14-тото место и јасно е кој е фаворитот на овој меч. Виљареал со евентуална победа само би се зацврстил на позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите, што секако дека ќе претставува голем успех за екипата.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.96)

 

3005 Јувентус – Торино (20:45)

„Дерби дела Моле“ привлекува најголемо внимание во Италија од денешните натпревари во Серија А, а Јувентус е голем фаворит против градскиот ривал Торино. „Старата дама“ е фаворит и според пласманот на табелата, но и според формата во меѓусебните дуели. Јувентус на последните 20 натпревари нема пораз од Торино, а последен пат загубиле во 2015-тата година со 2-1.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.11)

 

1806 Лајпциг – Б. Менхенгладбах (18:30)

Екипата за која настапува нашиот репрезентативец Елиф Елмас, Лајпциг, после два порази во домашното првенство и во Лигата на шампионите, има противник по мерка во Бундес лигата да се врати на победничките патеки. Победа во дуелот против Борусија Менхенгладбах за Лајпциг ќе значи да се задржи чекорот со Баерн Минхен. Лајпциг ги доби последните три меча со денешниот противник, но најголемиот проблем за нив е фактот што на последните пет натпревари не успеаја да ја сочуваат својата мрежа.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.75)

 

1704 Анже – ПСЖ (21:00)

ПСЖ веќе има шест бода предност пред конкурентите на табелата во француската Лига 1, а мечот против Анже е шанса за нова победа за избраниците на Луис Енрике. „Светците“ имаат неверојатни 16 победи по ред против Анже, а немаат пораз на 20-те меча кои ги одиграле во историјата. Последните пет победи се со по најмалку два постигнати гола.

Предлог тип: Т2 1-3I&1-3II (1.94)

- Оглас -

Најнови вести