Килијан Мбапе и неговиот правен тим успеаја да докажат дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а сега таа одлука ја потврдија и од соодветните комисии на Фудбалскиот сојуз на Франција. ПСЖ на Мбапе му должи три плати, како и дел од бонусот за продолжувањето на договорот, но раководството на „светците“ одбиваше да ги исплати овие средства поради наводно усмен договор, според кој Мбапе се откажал од парите бидејќи си замина како слободен фудбалер.
Сепак, фудбалерот на Реал Мадрид демантираше дека се откажал од платата и покрена судски спор за наплата, а неговиот правен тим за тоа ги извести УЕФА, Фудбалскиот сојуз на Франција, како и организацијата на професионалните лиги на Франција. Комисијата одлучи дека Мбапе е во право, а ПСЖ имаше право на жалба во рок од десет дека од донесената одлука. Сепак, „светците“ се жалеле на 11-тиот ден, па нивната жалба веднаш е отфрлена како задоцнета и им е наложено да му исплатата 55 милиони евра.