ПСЖ загуби два планирани бода на гостувањето кај Лориен (1-1), но и покрај тоа остана лидер во француската Лига 1. Сепак, поголемиот проблем е повредата на 20-годишниот Дезире Дуе, кој го напушти теренот во 63-тата минута на носилки, а по мечот беше виден како се движи со помагала.
Првичните информации се дека се работи за повреда на мускулот, но не е познато колку ќе трае рехабилитацијата. Дуе беше еден од клучните фудбалери на Светците во минатосезонските успеси, па неговата вредност во моментов изнесува 90 милиони евра.
„Секогаш е лошо кога некој ќе се повреди. Се работи за необична повреда и сè уште не знаеме колку е сериозна. Се надевам дека не е тешка“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

