16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

ПСЖ загуби уште еден важен играч за двомечот со Баерн

Алесандро Флоренци, десниот бек на ПСЖ, е позитивен на ковид-19 и отпадна од комбинација за настап во двомечот против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Покетино ќе мора да најде принудно решение за да ја покрие десната бековска позиција откако Флоренци од репрезентативната пауза се вратил заразен. Од претходно е познато дека и Марко Верати нема да игра против Баварците поради повреда, па Светците ќе бидат на мака против актуелниот европски првак.

И Баерн е ослабен за утрешното дерби. Роберт Левандовски се повреди настапувајќи за Полска, но надежите се дека најдобриот фудбалер во светот за минатата година ќе закрепне до реваншот кој е предвиден за идната недела.

- Оглас -

Најнови вести