ПСЖ заинтересиран за Санчо, ќе треба да плати околу 50 милиони евра

Екипата на ПСЖ е заинтересирана во своите редови да го донесе фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо. Фудбалерот минатата сезона имаше конфликт со тренерот Ерик тен Хаг, па беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд, но успеа да стигне до финалето на Лигата на шампионите, а откако позајмицата му истече, се врати на „Олд Трафорд“.

Санчо беше дел од првата постава на Манчестер јунајтед на пријателскиот меч против Глазгов ренџерс, па се чинеше дека проблемите со Тен Хаг се надминати, но сега може да направи трансфер, секако, доколку клубовите се договорат околу обесштетувањето.

Сумата која би ја добиле Црвените ѓаволи би изнесувала околу 50 милиони евра, што не би требало да претставува голем проблем за богатите сопственици на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести