Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, се обидува да го убеди египетскиот репрезентативец Мохамед Салах да се пресели на „Паркот на принцовите“, пишуваат француските медиуми.
Ал-Келаифи наводно имал тајна средба со Салах во Париз, на која му го претставил планот за претстојните сезони. Лионел Меси веќе го напушти клубот од Париз, а Светците во летниот преоден рок би можеле да останат без Нејмар, но и без Килијан Мбапе.
Првиот човек на ПСЖ во Салах го гледа идеалниот наследник на Меси, кој потпиша за Интер Мајами.
Салах досега во неколку наврати изјавуваше дека сака да остане во Ливерпул, со кого има договор до јуни 2025 година, но ПСЖ е подготвен да го ангажира уште овој преоден рок.
Салах и Ал-Хелаифи наводно биле во редовен контакт уште од Светското првенство во Катар, кога станало јасно дека Меси нема да го продолжи договорот со францускиот шампион.
Салах во Ливерпул пристигна во 2017 година од Рома и за Црвените одигра 305 натпревари и постигна 186 голови.