Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Асенсио, и голманот Џанлуиџи Донарума, нема да настапат на вечерашниот натпревар против Ремс во рамките на француското првенство Лига 1, соопшти францускиот првак.
Асенсио има повреда на мускулот и ќе мора да отсуствува уште една недела, додека Донарума сè уште се опоравува од повредата што ја здоби минатата недела.
Освен нив, тренерот Луис Енрике нема да смета и на уште тројца играчи кои се отсутни поголд период, Гонзало Рамош, Лукас Ернандес и Преснел Кимпембе.
Натпреварот од петтото коло на француската Лига 1 меѓу Ремс и ПСЖ е закажан за вечерва во 21 часот.