Пари Сен Жермен има предност од 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Арсенал во полуфуналето на Лигата на шампионите.
Усман Дембеле погоди во 4-та минута и засега тоа е единствен гол на мечот на „Емирејтс“.
Откако ги елиминираа Ливерпул и Астон Вила, Светците од Париз имаат добар резултат и против третиот англиски тим кој се испречува на патот до финалето. ПСЖ беше многу подобар во првите околу половина час, а потоа и Арсенал покажа заби и јасно е дека тука ништо не е решено.