26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Пу-пу не важи: УЕФА „утнала нешто“, ќе биде објавен нов распоред за квалификациите за ЕП 2024!

УЕФА синоќа го објави распоредот на натпревари за квалификациите за ЕП 2024, според тој распоред Македонија во првото коло треба да игра дома со Малта, а во последното да ја нагости Англија, но утрово од Европската куќа на фудбалот дојде студен туш – распоредот на важи, и ќе биде објавен нов.

„Забележавме проблем во календарот и ве молиме да не обраќате внимание на списокот со мечеви кој беше испратен. Новата верзија ќе биде готова што е можно најскоро. Се извинуваме за направената непријатност “ – објавија од УЕФА.

Од ФФМ потврдија дека УЕФА нема да прави измени во нашата група, што значи почнуваме на 23-ти март дома против Малта.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

23. март 2023 Македонија – Малта

16. јуни 2023 Македонија – Украина

19. јуни 2023 Англија – Македонија

09. септември 2023 Македонија – Италија

12. септември 2023 Малта – Македонија

14. октомври 2023 Украина – Македонија

17. ноември 2023 Италија – Македонија

20. ноември 2023 Македонија – Англија

- Оглас -

Најнови вести