Публиката на „Енфилд“ знае да цени, аплаузи за Бензема и Модриќ (Видео)

Навивачите на Ливерпул со огномети во близина на хотелот се обидуваа да ги разбудат фудбалерите на Реал Мадрид, но тактиката не им успеа, актуелниот европски првак ги разби Црвените на нивен терен како никој претходно во европските купови.

Фановите на Ливерпул првпат беа сведоци како нивниот тим прима пет гола на „Енфилд“, прво беа во состојба на шок, а потоа ја сфатија реалноста, па покажаа дека знаат да ценат легенди од кои биле надиграни.

Кога од игра излегуваа Карим Бензема и Лука Модриќ, навивачите на Ливерпул беа на нозе и аплаудираа. Убав гест од нивна страна:

https://twitter.com/i/status/1628150036293906436

- Оглас -

Најнови вести