Публиката на „Камп ноу“ ќе види барем три гола

6001 Јанг бојс – Манчестер јунајтед (18.45 часот)

Јанг бојс во ЛШ се пласира откако го елиминира Ференцварош во баражот и веднаш има супер меч како награда. Гостите се големи фаворити. Кај Црвените ѓаволи ќе ги нема Кавани и Рашфорд, но присуството на најдобриот стрелец во историјата на ЛШ треба да биде гаранција дека гостите на ова гостување во Швајцарија нема да ја пропуштат шансата да освојат три бода. Пред три сезони кога овие тимови играа еден против друг, Јунајтед извојува две победи без примен гол (во Берн беше 3-0).

Предлог тип: Т2 2+ (1.40)

 

6005 Барселона – Баерн (21.00 часот)

Последниот меѓусебен дуел на овие два клуба уште ги пече Каталонците, невозможно е да се заборави историскиот пораз од 2-8 пред 13 месеци. Барса има проблем со доста повредени играчи, Барселона не е во ритам, нема играно меч во септември, а Баерн викендов даде четири гола на гостувањето кај Лајпциг. Реткост е кога Барса е аутсајдер на меч кој се игра на „Камп ноу“, но вечерва е така. Баерн загуби со 0-3 на последното гостување на најголемиот стадион во Европа, но тоа беа други времиња, за каталонскиот гигант стрелци беа Меси и Нејмар.

Предлог тип: 3+ (1.50)

 

6006 Динамо Киев – Бенфика (21.00 часот)

Ова е еден од мечевите на кои може сè да се случи. Можеби Бенфика е мал фаворит, но и Динамо ја гледа својата шанса, па победа на домашните нема да биде изненадување. Орлите од Лисабон се перфектни во португалската лига, а Динамо во Украина има три чисти победи по ред без примен гол. Пред пет сезони, Бенфика двапати го победи Динамо во мечеви со 0-2 гола. И овојпат не треба да се очекуваат многу голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.61)

 

6004 Челзи – Зенит (21.00 часот)

Челзи во одбрана на трофејот тргнува против рускиот првак, а Сините нема да сметаат на Канте и Пулишиќ. Овие два клуба првпат се среќаваат еден против друг. И Челзи и Зенит одамна не загубиле. Тимот од Санкт Петербург половина година не знае за пораз и ова е прилика таа серија да заврши. За Зенит и бод би бил премија.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.73)

 

6007 Малме – Јувентус (21.00 часот)

Јувентус катастрофално ја почна сезоната во италијанското првенство и ова му е шанса да излезе од резултатската криза. ЛШ е сосема поинакво натпреварување, други се мотивите и затоа веруваме во триумф на Старата дама. Во есента 2014 година, Јуве двапати го победи Малме со по 2-0. Малме преку Лудогорец влезе во ЛШ, но потоа имаше два кикса во шведската лига во мечеви на коишто и даваше и примаше гол.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.20)

- Оглас -

Најнови вести